Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на стадионот „Стожице“ во Љубљана ќе го одигра вториот меч од квалификациите за ЕВРО 2020. По стартниот триумф над Летонија, Пандев и соиграчите одат на мегдан на Словенија. Тоа ќе биде навистина сериозен испит за нашиот национален тим.
Селекторот Игор Ангеловски ќе направи две замени во составот. Двојниот стрелец од минатиот меч, Елиф Елмас, ќе го заземе местото на повредениот Ферхан Хасани, замена што беше направена по дваесетина минути и на дуелот со Летонија, а на клупата ќе се пресели и Александар Трајковски на чие место во стартниот состав ќе заигра Егзон Бејтулаи. Брзиот дефанзивец ќе има задача да ја осигура и да ја засили последната одбранбена линија пред Столе Димитриевски.
Ова значи дека Стефан Ристовски ќе добие улога во средниот ред, а во навалната линија ќе бидат Горан Пандев и Илија Несторовски.
„Оваа генерација може многу, но тоа мораме да го покажеме на теренот, само така би можеле да се нанетнеме во Европа. Тоа добро го знаеме и нема премногу да зборуваме, туку да одиграме најдобро што умееме. Словенија заслужува респект, но ние имаме верба во сопствените квалитети и можеме со секого да се надигруваме“, изјави Стефан Ристовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Вирц и Мусијала, новите германски идоли
Овој турнир е навистина инспиративен! Во 10-тата минута од првиот натпревар, голот на Флоријан...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal