Connect with us

Ројал Антверпен е можниот ривал на Динамо Загреб во плејофот за групите во ЛШ

Хрватскиот шампион Динамо Загреб го доби Ројал Антверпен како потенцијален ривал во плеј-офот од Лигата на шампионите.


Динамо, чиј член на капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, во следните две недели ќе игра против АЕК во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите.

Доколку го минат грчкиот шампион ќе играат во баражот од Лигата на шампионите против белгискиот претставник. Доколку испаднат оди во истата фаза на натпреварување во Лига Европа.

Првиот натпревар Динамо би го играл на гости во Белгија на 22/23 август, а реваншот една недела подоцна на „Максимир“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови