Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, го запиша своето име во историјата на Премиер – лигата. Со победата на „граѓаните“ над Манчестер Јунајтед со 3-1, Родри стана играчот со најдолга серија без пораз во англискиот шампионат.
Родри не го вкусил поразот со Манчестер Сити во Премиер – лигата од февруари 2023 година, кога тимот на Пеп Гвардиола загуби со 1-0 од Тотенхем.
Оттогаш, Шпанецот мина 59 натпревари без пораз, што е веќе најдолга серија во Премиер – лигата.
Претходниот рекорд од 58 натпревари го држеше Рикардо Карвалјо со Челси меѓу ноември 2006 и февруари 2008 година.
Родри му се приклучи на Манчестер Сити во летото 2019 година во тогашниот клупски рекорден трансфер вреден 70 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













