
Легендарниот бразилски ле бек Роберто Карлос на профилот на Твитер постави илустрација на мајмун облечен во дрес од Бразил. Тоа е негова форма на поддршка за неговиот сонародник Винисиус Јуниор, кој доживеа расистички навреди во последните денови. Причина за тоа беше неговото славење на головите со танцување.
Винисиус беше особено остро критикуван во култното шоу „Ел Чинрингито“ од Педро Кастро, претседателот на здружението на шпански агенти.
„Ако постигнете гол и потоа танцувате самба, одете на Самбодром. На теренот треба да ги почитувате противниците и да престанете да се однесувате како мајмун“, рече Кастро.
На мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал, Винисиус беше навредуван од публиката која извикуваше како мајмун кога тој ќе ја имаше топката.
#NewProfilePic pic.twitter.com/TcONBiKodr
— Roberto Carlos (@Oficial_RC3) September 18, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
