
Фудбалската репрезентација на Македонија оствари огромен успех со триумфот (1-2) против Германија во квалификациите за СП 2022 во Катар. Тоа е најголемиот скалп на македонскиот национален тим во историјата.
Стефан Ристовски вели дека оваа победа долго ќе ги држи македонските репрезентативци.
„Како што полека одминува времето од синоќешната победа, така сфаќаме каков голем успех сме направиле. Ова не е само да добиеш фаворит, ние добивме еден голем гигант на светскиот фудбал. Германија е четирикратен светски шампион, има клубови како Баерн Минхен кои константно се во врвот на европскиот фудбал. Ова е голем успех за Македонија, Германија по долго време, цели 20 години, загуби на домашен терен. Ова треба да ни биде поттик за понатаму, да ги извлечеме позитивните работи и да не застанеме. За вакви мечеви се живее, ретко ти се дава шанса да играш и да победиш ваков голем ривал“, изјави Стефан Ристовски.
По првата сесија, првите три натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар, репрезентацијата на Македонија се наоѓа на второто место на табелата во групата Ј, пред Германија. Лидер е Ерменија со максимални девет бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
