
Динамо Загреб се пласира во осминафиналето на Лигата на Европа откако двапати го совлада рускиот клуб Краснодар. Аријан Адеми е предводник на „модрите“, а и Стефан Ристовски одлично се вклопи во тимот по трансферот од Спортинг Лисабон каде беше во немилост на тренерот.
Тој вели дека ова за него е неочекувана премија, да игра осминафинале во Лигата на Европа, по се што помина во португалскиот клуб.
„Имав тежок период и не ни сонував дека ќе играм сега осминафинале во Лига Европа. Среќен сум, благодарен што соиграчите ме прифатија како да сум дома. Се надевам дека ќе продолжиме со успешни игри, немаме некој посебен ривал што би го посакувале во осминафиналето. Мудро го чекавме Краснодар, имавме позитивен резултат од првиот меч, чекавме во блок и зададовме решавачки удар“, изјави Стефан Ристивски по триумфот на Динамо Загреб и пласманот во следната рунда од Лигата на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
