Фудбалската репрезентација на Македонија оствари голем успех со пласманот во баражот за Светското првенство. Капитенот Стефан Ристовски дојде на прес – конференција со многу емоции. Порача дека му е многу драго што фудбалерите ја обединија Македонија, а откри и една тајна.
„Уф, не беше лесно, драго ми е што на крајот се излезе како што треба и Македонија оствари уште една историска победа, историски успех. Искрено, чувствувавме притисок. Драго ми е што го израдувавме уште еднаш овој народ. Затоа што ние сме едно големо семејство, во соблекувалната сме како едно, нема тука разлика Македонец, Албанец или било што. Знаеме како е во Македонија, се мачи народот и навистина овој успех е за сите. И морам да откријам една тајна, ја носев капитенската лента на Горан Пандев. Таа што ја носеше против Холандија кога се прости од националниот тим. Знаев дека ќе ни донесе среќа“, изјави Стефан Ристовски под големи емоции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski