Поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, со тимот на Динамо Загреб, обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Во новата сезона, Македонија ќе има дури четири претставници, затоа што директен пласман имаат Лајпциг на Елиф Елмас и Џирона, новиот тим на Бојан Миовски.
Динамо Загреб и во реваншот беше подобар од Карабах, откако на првиот меч победи со 3-0. Во Азербејџан, хрватскиот тим славеше со 0-2 и на убедлив начин се пласираше во елитното клупско натпреварување.
Марко Пјаца во првото полувреме донесе предност за Динамо Загреб, а на почетокот на вториот дел Матеус Силва си постигна автогол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













