
Капитенот на Брегалница, Ристе Наумов, ја оствари мисијата да го врати клубот на прволигашка сцена и одлучи да стави крај на долгогодишната кариера. 40-годишниот Наумов од следната сезона се приклучува во стручниот штаб на „сините“ како помошник на Марјан Секуловски.
„Ја реализиравме целта за враќање во Првата лига што секако беше и моја огромна желба. Сега, согласно и плановите, амбициите и целите на Брегалница, сигурно простор на теренот се остава повеќе на младите а јас се надевам дека ќе допринесам повеќе за дополнителен раст на сите нив преку ангажманите во стручниот штаб“, вели Наумов.
За тренер на младинскиот тим на Брегалница е поставен Трајче Сенев. Очигледно дека штипскиот клуб сериозно се реорганизира за настапот во Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
