Голманот Ристе Јанков и левиот бек Дарко Глишиќ треба да бидат новите големи засилувања за Македонија ЃП при враќањето на прволигашката сцена.
Поранешен младински и сениорски репрезентативец на Македонија и досегашен член на Шкендија, Ристе Јанков треба да ја засили конкуренцијата на голманската позиција.
Јанков потекнува од Работнички, имаше и интернационална епизода, а во Македонија настапуваше и за Брегалница и за Шкендија.

Дарко Глишиќ е исто така искусен прволигашки фудбалер, поранешен член на Вардар, кој минатата сезона ја мина во редовите на Гостивар, а има и интернационално искуство во Грузија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













