Connect with us

Ристе Јанков е четвртото засилување за Македонија ЃП

Македонскиот голман Ристо Јанков е четвртото засилување на Македонија Ѓорче Петров. Тој пристигнува како слободен играч, откако му заврши договорот со Шкендија, каде што настапуваше минатата сезона.

Претходно, клубот веќе ги ангажираше Дарко Глишиќ, Мартин Талаков и Мухамед Елмас.

Во текот на кариерата, 26-годишниот Ристе Јанков најмногу настапуваше во домашното првенство, бранејќи за екипите на Работнички, Локомотива, Брегалница и Тиквеш, додека интернационално беше дел од казахстански Каспиј и романски Поли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови