Connect with us

Римското дерби без победник – Лацио и Рома ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Лацио и Рома одиграа нерешено 1-1 во 162. издание на големото римско дерби на стадионот „Олимпико“. Иако нема победник, двете екипи сè уште се во игра за пласман во Лигата на шампионите, иако заостануваат три, односно пет бодови зад Јувентус, кој се наоѓа на четвртото место.

Првото полувреме мина без голови, но во вториот дел темпото се зголеми. Лацио поведе рано, преку Алесио Ромањоли кој погоди во 47. минута. Рома одговори преку Матијас Суле, кој со одличен удар од далечина во 69. минута го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови