
Досегашниот фудбалер на Вардар, Јован Попзлатанов, е промовиран во ново засилување на летонскиот клуб Рига ФС. Крилниот играч на „црвено-црните“ повторно ќе биде соиграч со Дарко Мицевски, кој исто така по заминувањето од Вардар одлучи интернационалната кариера да ја гради во овој клуб.
Попзлатанов беше еден од најдобрите фудбалери на Вардар во изминатиот период, го привлече вниманието на неколку странски и домашни клубови, а на крајот се реши да стави потпис на договор со Рига ФС.
Одливот на фудбалерите од Вардар продолжува и понатаму, претходно и Матеј Цветаноски беше промовиран во Шкупи, Чарлестин замина во Македонија ЃП, а Марко Мартинага во Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal