
Прославениот француски фудбалер Франк Рибери (38) и оваа сезона би можел да остане во Серија А бидејќи е во завршни преговори со Верона.
Рибери на маса, покрај понудата на Верона, го има и турскиот Карагумрук, за кој веќе играат Лукас Билја, Емилијано Вивиано, Мехди Бенатија, Ервин Зукановиќ, Андреа Бертолачи и Фабио Борини, сите тие се играчи кои во минатото играа во Серија А.
Сепак, Французинот сака да остане во италијанскиот фудбал. Иако истече рокот за трансфери во Серија А, фудбалерите можат да потпишат за нови клубови доколку се слободни агенти.
На Рибери не му беше понуден нов договор во Фиорентина, а неговиот договор истече на 30 јуни, иако најави дека сака да остане во Италија по две години.
Рибери минатата сезона настапи на 29 натпревари во Серија А за Фиорентина, со ефект од два гола и седум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
