
Реал Мадрид се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија откако по продолженија го совлада Елче на гости со 1-2. Со пресврт во дополнителниот период за игра, двата гола беа дело на „резервистите“, Иско Аларкон и Еден Азар.
Немаше голови во регуларните 90 минути, а многу повозбудливи се покажаа продолженијата. Марсело доби жолт картон во 102. минута, а само минута подоцна Гонзало Верду донесе водство за Елче.
Но, Реал Мадрид сепак одговори и со играч помалку. Иско израмни во 108.минута, а Азар во 115.минута се погрижи за целосен пресврт и за триумф. Во последните мигови и Елче остана со десетмина поради исклучувањето на Пере Милја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
