
Њукасл и Ливерпул одиграа неверојатен натпревар на „Сент Џејмс Парк“ и ремизираа 3-3 во луда револверашка пресметка. Александер Исак во 35.минута го доведе Њукасл во водство, а Кертис Џонс израмни на 1-1 во 50.минута. Гордон повторно обезбеди предност за Њукасл, а потоа возврати силно и Ливерпул, со двата гола на Мохамед Салах.
Но, Фабијан Шер не дозволи Њукасл да загуби и постигна гол за 3-3 во 90.минута.
Манчестер Сити конечно победи, откако на „Етихад“ славеше против Нотингем Форест со 3-0. Бернардо Силва во осмата минута го отвори резултатот, а Кевин де Бруин зголеми на 2-0 во 31.минута. Третиот гол го постигна Жереми Доку во 57.минута.
Челси беше убедлив против Исвич на гости и победи со 1-5. Дисаси, Нкунку и Мадуеке погодија во првиот дел, а голедата ја продолжија и Палмер и Дусбери-Хол. Арибо беше стрелец на единствениот гол за Ипсвич.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс
