Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години забележа пораз во првиот контролен дуел со соодветната селекција на Русија. На терените на „Папилон Хотелс Белвил”, противникот со комплетен пресврт во второто полувреме успеа да слави победа од 2-1.
Македонија одлично го започна натпреварот и во 16 минута преку Дашмир Елези поведе со 1-0.
До крајот на првиот дел избраниците на селекторот Драган Канатларовски не успеаја да искористат извонредна можност за зголемување на предноста.
Во вториот дел, Русија направи пресврт, ги искористи нашите грешки и постигна два гола во 62. и 83. минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













