Фудбалерите на Ренова со убедлива победа од 5-1 против Дрита од Боговиње ги стартуваа летните пријателски натпревари во рамките на подготовките за новата сезона.
Ремзифаик Селмани, Албан Таипи, Арџент Гафури, Љутфи Билали и Илирид Адеми беа стрелци на головите за триумф против второлигашот.
Утре „гипсарите“ заминуваат за Охрид каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките. Планирано е одигрување и на три пријателски натпревари во Охрид, на 13. јули против Лабуништа, на 17. јули против српскиот Трајал од Крушевац и на 20. јули против албанскиот прволигаш Тирана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal