Ренова и Шкупи ремизираа без голови во Тетово, во воведниот натпревар од 17.коло во Првата фудбалска лига. „Гипсарите“ не дозволија Шкупи да замине со три бода со оглед дека тимот од Чаир важеше за фаворит пред овој дуел.
Тренерот на Ренова, Ќатип Османи, умешно ги затвори приодите кон голот на Хадис Велии, стопирајќи ги Дембо Дарбо и Фреди Алварез. Гостите имаа шанси преку Дембо Дарбо, но не ги искористија. Омар Гоудијаби се обидуваше со удари од далечина, но Хадис Велии беше на висина на задачата.
Ренова се закани преку Рамадани и Шефити во првото полувреме, но мрежите мируваа до крајот на мечот.
Шкупи со 33 бода се наоѓа на второто место на табелата, со три бода негатива во однос на Шкендија, додека Ренова е на деветтата позиција со 16 бода.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













