Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е трансферна цел на двата најголеми шкотски клубови, Селтик и Ренџерс. Тој има одлична сезона во дресот на Абердин за кој постигна 24 гола, а се најде и во најдобриот тим на сезоната.
Од Абердин не би сакале да го продадат, но ако фудбалерот инсистира да замине, тогаш клубот ќе бара отштета од околу 8 милиони фунти.
„Мислам дека тој е огромен талент и би бил совршено засилување за Ренџерс. Не верувам дека Абердин би се задоволил со мала сума за него, туку таа ќе биде исклучително висока и нема да бидам изненаден ако изнесува 8 милиони фунти“, изјави Џони Мекферлејн од Ренџерс.
Абердин го купи Бојан Миовски за 600.000 фунти.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski