
Европската фудбалска федерација (УЕФА) има план од 2024 година да направи големи промени во Лигата на шампионите. Медиумите на Островот дојдоа до деталите според кои Англија ќе има шест претставници. Групната фаза ќе биде укината, а во лигата ќе има 36 тима и би се играла по швајцарски систем. Секој тим ќе одигра 10 натпревари, а првопласираните осум веднаш ќе обезбедат место во осминафиналето. Но, ќе има и разигрување, екипите пласирани од 9. до 24. место ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
УЕФА ќе донесе одлука за четири нови места во ЛШ, а две од нив да бидат загарантирани за клубови со највисок коефициент кои преку домашните лиги не би би успеале да се најдат меѓу сигурните учесници. Бидејќи шесте англиски премиерлигаши се рангирани меѓу првите 15 екипи на УЕФА ранкингот, многу веројатно е дека би имале загарантирано место.
На конгресот на УЕФА во април следната година треба да биде ставена на дневен ред целата реформа на европските натпреварувања после 2024 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
