
Барселона се труди со сите сили да го задржи најдобриот фудбалер Лионел Меси и следната сезона на „Камп Ноу“. Тој беше решен да си замине по несогласувањата со минатото раководство, но сега ситуацијата е малку подобра откако Хоан Лапорта повторно седна во претседателската фотелја.
Сепак, финансиската состојба во каталонскиот клуб е далеку од идеална, па Лапорта му нуди помала плата од сегашната на Лионел Меси и се надева дека тој ќе остане верен на клубот каде игра во текот на целата професионална кариера.
Барселона подготви „доживотен договор“ за Лео Меси. Ова значи дека би останал во каталонскиот клуб до крајот на активната кариера, но и потоа на функција која самиот би ја одбрал и најмногу би му одговарала за да биде дел од раководните тела на Барса.
Договорот на Лионел Меси истекува по завршувањето на сезоната, а во редот за него чекаат Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица
