Реал Мадрид си поигра сериозно со нервите на навивачите на мечот против Алавес, но на крајот сепак успеа да слави со 3-2. „Кралевите“ до 85.минута имаа предност од 3-0, а во финишот „висеа“ и дали воопшто ќе победат.
Лукас Васкес го отвори резултатот во првата минута, а Килијан Мбапе пред крајот на првото полувреме зголеми на 2-0. Родриго во 48. минута третпат ја затресе мрежата на гостите.
Но, потоа следуваше голем пад на Реал, па Алавес дојде до 3-2.
Карлос Бенавидез во 85. минута постигна гол, а во следната минута погоди и Кике Гарсија.
Реал Мадрид мораше да се „стегне“ до крајот, но успеа да ги обезбеди трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













