Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе десниот бек на Челси, Рис Џејмс, а за него би го испратил Еден Азар назад на „Стемфорд бриџ“ и би доплатил.
Шпанските медиуми донесуваат ексклузива според која Реал подготвува неверојатна понуда за Челси. Тие се подготвени да го понудат Еден Азар и дополнителни средства за Рис Џејмс.
Азар на тој начин би можел да се врати на „Стемфорд Бриџ“, кој го напушти во 2019 година како најдобар играч на светот за неверојатни 130 милиони евра.
Тој не успеа да се наметне во Реал и за две години настапи на 25 натпревари и постигна само три гола.
Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, е убеден дека доколку Азар се врати во Лондон, многу брзо ќе ја врати некогашната форма што го доведе до голем трансфер во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













