Шпанскиот првак Реал Мадрид не игра добро на почетокот на новата сезона во Ла Лига. „Кралскиот клуб“ одигра 1-1 и на гостувањето против Лас Палмас, исто како и против Мајорка во првото коло, и веќе има четири бода негатива во однос на Барселона, која на стартот нанижа три победи.
Алберто Молеиро веќе во петтата минута го изненади шампионот, откако го надмудри Милитао и го совлада Тибо Куртоа. Реал не можеше да создаде стопроцентна шанса затоа што домаќините одлично се бранеа, а во вториот дел израмни Винисиус Жуниор од пенал во 69.минута, откако еден играч на Лас Палмас играше со рака во шеснаесетникот.
Но, Реал Мадрид не успеа да постигне победнички гол во финишот, иако се обидуваа и Мбапе и Ендрик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













