Реал Мадрид планира да привлече Ejмерик Лапорт во јануари, пренесува „АС“. Клубот ќе биде активен на трансфер пазарот во потрага по замена за Едер Милитао, кој заработи сериозна повреда против Осасуна (4-0) и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.
„Кралевите“ имаа интерес за Лапорт уште летоска, но тој негираше дека добил понуда. Сепак, шпанскиот репрезентативец, кој настапува за Ал-Наср во Саудиска Арабија и игра во одлична форма, не ја исклучува можноста да се врати во Европа.
🚨 JUST IN: Laporte would be Real Madrid’s PREFERRED option. @diarioas pic.twitter.com/lxSzCTDLuR
— Madrid Xtra (@MadridXtra) November 9, 2024
Надежта на Реал е Ејмерик Лапорт да го раскине договорот со Ал-Наср и да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен агент.
Дополнително, Кастело Лукеба од Лајпциг е исто така во трансферните планови на Реал, но за негов ангажман се очекуваат преговори по крајот на сезоната.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski