Европскиот шампион Реал Мадрид има со што да се гордее. Не само со трофеите и успесите на зелениот терен, туку и успеси во преговорите, економијата, финансиите.
Приходите во претходната сезона изнесуваат неверојатни 722 милиони евра, додека расходите биле за 13 милиони помалку, што значи дека клубот за само една година од работењето има профит од штотуку споменатите 13 милиони евра.
Она што исто така беше објавено се плановите за приходи за новата сезона, кои ќе изнесуваат уште повеќе, предвидено е да се остварат 769,6 милиони евра, што е за 48 милиони повеќе од претходната сезона.
Значи, се предвидува пораст од 7%.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













