Connect with us

Реал Мадрид сака да го купи Деклан Рајс, но Арсенал бара 150 милиони евра

Реал Мадрид e заинтересиран за еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот, Деклан Рајс, но Арсенал не е подготвен лесно да се откаже од својот клучен играч.

Според шпанскиот медиум „Fichajes“, претседателот на Реал, Флорентино Перез, се обидел да започне преговори со лондонскиот клуб, но од Арсенал јасно му ставиле до знаење дека нема да биде лесно да се постигне нивната цена.

Перез веќе го изразил својот интерес за Рајс, со надеж дека Реал Мадрид ќе се насочи кон младиот англиски талент кој би можел да стане клучен елемент во идниот тим. Меѓутоа, Арсенал не размислува да го продаде својот најважен играч без сериозна отштета.

Според одредени извори, Арсенал бара 150 милиони евра за англискиот репрезентативец.

И покрај големиот интерес од Реал Мадрид, Арсенал јасно ставил до знаење дека нема да попушти. По успешната сезона во која клубот се бореше за титулата во Премиер – лигата, Микел Артета сака да ги задржи темелите на тимот и да продолжи со градење на уште поуспешна екипа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови