Реал Мадрид е најсилен кога е најпотребно. Тимот на Зинедин Зидан одигра уште еден одличен натпревар по триумфот над Борусија Менхенгладбах за пласман во осминафиналето на ЛШ и го совлада градскиот ривал Атлетико Мадрид во Ла Лига со 2-0. „Кралевите“ ги искористија своите шанси на овој меч и му го нанесоа првиот пораз на градскиот ривал Атлетико во шампионатот оваа сезона.
Кашемиро во 15.минута донесе почетна предност за „кралевите“, а Дани Карвахал со волеј-удар во 63.минута зголеми на 2-0. При неговиот шут „кумуваше“ и Јан Облак со својата интервенција.
Атлетико Мадрид останува на првата позиција со 26 бода, а „кралевите“ сега се доближија на три бода негатива и моментно се на третото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













