Реал Мадрид остана речиси без одбрана пред последните три натпревари од Ла Лига. „Кралевите“ се во трка за шампионската титула, но тренерот Зинедин Зидан има сериозни проблеми со повредите во тимот.
Реал мора да ја брани титулата без Серхио Рамос, Рафаел Варан, Ферлан Менди, Лукас Васкез, Дани Карвахал и Алваро Одриозола, сите шестмина се играчи на дефанзивната линија.
Ферланд Менди, одличниот лев бек кој го исфрли легендарниот Марсело од првиот тим, веќе е шести играч од одбраната кој ќе го пропушти првиот од трите натпревари за спас на сезоната, против Гранада в четврток.
Реал Мадрид објави дека Менди има периодитис на тибијата и ќе отсуствува до крајот на сезоната. Во ист ден Реал остана и без Алваро Одриозола. Тој играше добро на десната странична позиција против Севилја, но заработи повреда на мускулот. Ова е негова четврта повреда во сезоната и десната бековска позиција ќе мора да ја пополни Валверде.
Што се однесува до стоперите, Зидан на располагање ги има само Милитао и Начо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













