Реал Мадрид е подготвен да го ангажира италијанскиот стратег Масимилијано Алегри како наследник на Зинедин Зидан, кој многу веројатно ќе си замине од „кралскиот клуб“ по завршувањето на сезоната. Иако во опција е и легендата на клубот Раул Гонзалес, сепак, Алегри е првиот пик на Флорентино Перез.
Италијанскиот медиум „Газета дело спорт“ го објави и договорот што Флорентино Перез му го понуди на поранешниот тренер на Јувентус. Станува збор за договор за две сезони со можност за продолжување за трета година и заработка од 10 милиони евра за секоја од првите две сезони.
Реал Мадрид е во битка за освојување на шампионската титула во Ла Лига и во пресрет на последното коло има два бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Винисиус сака трансфер во ПСЖ?













