Connect with us

Реал Мадрид ќе учествува во процесот против Барселона и бара брза правда

Реал Мадрид свика кризен состанок поради обвинението кое e покренато против Барселона, а „кралскиот клуб“ денеска излезе со официјално соопштение во врска со случувањата во шпанскиот фудбал. Барселона е обвинета дека во периодот од 2001 до 2018 година му платила вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата фирма.


Негреира наводно ги делегирал судиите одговорни за Барселона и гарантирал дека тие ќе судат во корист на каталонскиот клуб. Барселона призна дека уплатила дел од споменатата сума на сметката на компанијата на Негреира, но тврдеше дека од неа барала само видео компилации од судиските перформанси.

Дури 18 од 20-те клубови од Ла Лига преку заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради откривањето на нечесните постапки на Барселона, а Реал сега се огласи и самостојно.

„На денешниот состанок, извршниот одбор на Реал ги дозна деталите за обвинението против Барселона и нејзините двајца претседатели, Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел и поранешните директори Алберто Солер и Оскар Грау за нивната вмешаност во потенцијална корупција во фудбалот.

Реал Мадрид изразува длабока загриженост за сериозноста на обвинувањата и има целосна доверба во правните институции и, за да ги заштити сопствените интереси, ќе учествува во постапката и ќе се стави на располагање веднаш штом судиите ги повикаат оние кои се потенцијално оштетени“, објави Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови