Реал Мадрид чувствува дека ја губи битката за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пишува „Кадена Сер“.
„Кралевите“ веќе се песимистички настроени дека ќе успеат да го засилат својот тим со канадскиот лев бек.
Договорот на Дејвис со баварскиот клуб истекува на крајот од сезоната.
Се сметаше дека Алфонсо Дејвис ќе ја продолжи кариерата на „Бернабеу“, но ситуацијата околу него доживеа пресврт во последните недели. Се тврди дека Реал се откажал од наддавањето за Дејвис, бидејќи веќе не се сметаат за фаворити за неговиот потпис. Клубот бара конечен одговор од него во јануари за да можат да се насочат кон други опции за оваа позиција, доколку трансферот не се реализира.
Во последните недели, Баерн Минхен водел неколку разговори со агентот на играчот, Ник Хаусе. Баварците сè уште немаат постигнато договор со дефанзивецот, но успеале да го натераат да ги преиспита своите опции за продолжување на кариерата и да се посомнева во трансферот во Реал Мадрид.
Се очекува Алфонсо Дејвис да донесе конечна одлука каде ќе игра по летото најдоцна до февруари, а во моментов е многу веројатно дека ќе потпише нов договор со Баерн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













