
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја доби големата битка со Барселона за младата турска ѕвезда и фудбалер на Фенербахче, Арда Гулер. Талентираниот играч за врска беше пред потпис со Барселона, но во последен момент Реал Мадрид се вклучи во трката и младиот талент веднаш ја прифатил понудата затоа што сака да го носи дресот на „кралевите“.
Реал Мадрид излегол со понуда од 20 милиони, плус 20% од следен трансфер. Голема улога во трансферот одиграле Месут Озил, кој е еден од идолите на Арда Гулер, како и Лука Модриќ и Тони Крос, кои лично му се јавиле и го убедиле дека „Сантијаго Бернабеу“ треба да биде неговата следна дестинација.
Реал Мадрид го ангажираше и Џуд Белингем, а во средниот ред има одлични млади фудбалери како Валверде, Чуамени, Камавинга. Ветераните Модриќ и Крос треба да бидат нивни ментори во новата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ
