
Рикардо Калафиори (22) имаше одлична сезона во Серија А со Болоња, а потоа ја воодушеви светската јавност со своите игри за Италија на ЕВРО 2024. Тој имаше клучен потег на мечот против Хрватска, што му беше само петти за репрезентацијата, кога го проигра стрелецот на голот Матија Закањи за израмнување во 98.минута.
Според „Газета дело Спорт“, после тој настап, Реал Мадрид покажа интерес за него, а неговата цена се удвои.
Младиот стопер, кој е споредуван со Неста и со Канаваро, против Хрватска навистина играше како нивен наследник.
По завршувањето на шампионатот во Серија А, Калафиори беше блиску до трансфер во Јувентус заедно со својот тренер од Болоња, Тијаго Мота.
Болоња се согласи на отштета од околу 25 милиони евра, но преговорите беа прекинати поради стартот на ЕВРО 2024. Сепак, сега цената на Калафиори е речиси двојно поголема, а во трката за него се вклучија и Реал Мадрид и Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
