Реал Мадрид со неверојатен пресврт во второто полувреме дојде до триумф (3-2) против Алмерија и се искачи на првото место на табелата во Ла Лига. По првото полувреме, Алмерија имаше шокантни 0-2 во Мадрид, но Дани Карвахал на крајот постигна победнички гол во 100.минута за освојување на трите бода.
Ларги Рамазани по само 35 секунди постигна гол за Алмерија, а Едгар Гонзалез во 43.минута зголеми на 0-2.
Џуд Белингам во 56.минута од пенал погоди за 1-2, а Винисиус Жуниор израмни во 67.минута.
„Кралевите“ долго се мачеа да стигнат до победа, имаше непризнати голови и на двете страни, а на крајот Дани Карвахал беше таличен во 100.минута за конечни 3-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













