Connect with us

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид е освојувач на Суперкупот на Шпанија откако во финалето на ова натпреварување го совлада Атлетик Билбао со 2-0. Претходно, „кралевите“ во полуфиналната пресметка го елиминираа и најголемиот ривал Барселона.

Тимот на Карло Анчелоти беше подобар и заслужено дојде до триумф. Лука Модриќ во 38.минута го отвори резултатот во корист на „кралевите“, а триумфот го завери Карим Бензема од пенал во 52.минута.

Во финишот, Милитао заработи црвен картон во 87.минута, а Раул Гарсија не успеа да реализира удар од белата точка. Тибо Куртоа успеа да го одбрани неговиот удар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови