Фудбалскиот клуб Реал Мадрид не губи време. Веднаш по освојувањето на Лигата на шампионите паднаа важни потписи на најважните играчи, а потоа на ред дојдоа засилувањата.
Антонио Ридигер е првото засилување, Германецот наскоро ќе биде официјализиран, а познато е дека ќе потпише договор до 2026 година.
Флорентино Перез денеска заврши работа со уште едно големо засилување, Орелеин Чуамени постигна договор со „кралевите“, а Монако ја прифати понудата на Реал Мадрид.
Мадриѓаните ќе платат дури 80 милиони евра, но и дополнителни бонуси, кои Монако не можеше да ги одбие.
Чуамени веќе ги одби Ливерпул и ПСЖ, му се заблагодари на Килијан Мбапе за иницијативата да му се придружи во Париз, неговиот сон е да игра за Реал Мадрид и не сака да ја пропушти можноста.
Чуамени ќе има силна конкуренција во Реал, но и светла иднина, бидејќи наскоро ќе дојде време за смена на генерациите на позициите каде долго време царуваат Кашемиро, Модриќ и Крос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













