Реал Мадрид се обидува да го задржи голманот Андриј Лунин, но не по секоја цена, и клубот одреди сума за која би се разделил со Украинецот. Според „Марка“, шампионот на Шпанија и на Европа би го продал Лунин за 30 милиони евра.
Украинскиот голман одигра многу силна сезона, во која имаше клучна улога во освојувањето на Ла Лига и Лигата на шампионите, но по враќањето на Тибо Куртоа од тешката повреда нема гарантирано место како стартер во Реал.
Андриј Лунин засега одбива да го продолжи договорот, кој истекува наредното лето. Неговиот агент Жорге Мендеш се обидува да го убеди голманот да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ летово.
Името на Лунин се поврзуваше со трансфер во Челси, но засега зделката не е блиску. Ако, сепак, голманот го напушти Мадрид, Реал ќе го замени со Кепа Аризабалага, кој минатата сезона играше како позајмен во шпанската престолнина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













