
Реал Мадрид се соочува со многу проблеми оваа сезона, а покрај резултатите, една од главните теми е и ситуацијата со Килијан Мбапе.
Францускиот напаѓач пристигна во Мадрид со импресивен учинок од 256 голови и 108 асистенции на 308 натпревари за Пари Сен Жермен. Како слободен играч, се приклучи на клубот со статус на мегазвезда, но многумина се прашуваат дали Реал со него го доби тоа што го посакуваше.
Мбапе има постигнато девет голови на 18 натпревари, но не сите од игра и со значителен број нереализирани шанси. Промаши и пенал против Ливерпул, а од септември до сега постигна само два гола. Во Реал очекуваат дека ќе ја пронајде формата, но ништо не оставаат на случајност.
Според шпанските медиуми, клубот го контактирал својот поранешен играч и тренер Зинедин Зидан, сонародник и идол на Мбапе, со молба да му помогне со совети. Токму Зидан беше еден од оние што го препорачаа Мбапе на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
