Реал Мадрид се соочува со предизвикот да го обнови својот среден ред со оглед на заминувањето на Тони Крос и приближувањето на крајот на кариерата на Лука Модриќ. Еден од најновите кандидати за засилување е аргентинскиот репрезентативец и играч на Ливерпул, Алексис Мекалистер, кој е проценет на 100 милиони евра.
Според „Фичајес“, Мекалистер го привлече вниманието на Реал Мадрид со своите извонредни настапи за Ливерпул, кој во моментов е во одлична форма. Аргентинецот е клучен играч за „црвените“ благодарение на неговата способност да ја диктира играта, да го враќа брзо поседот и неговата тактичка дисциплина.
Ливерпул е лидер во Премиер – лигата и има максимален ефект во Лигата на шампионите, а Мекалистер одигра одлично и во меѓусебниот дуел со Реал Мадрид. Неговата офанзивна улога и придонес кон тимот дополнително го прават привлечен за „кралевите“.
Сепак, Ливерпул нема лесно да се раздели со својот играч, барајќи сума од најмалку 100 милиони евра.
Реал Мадрид за на лето веќе го договорил трансферот на Трент Александер-Арнолд како слободен играч, па останува да се види дали ќе успее да го доведе и Алексис Мекалистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













