Реал Мадрид вечерва на „Сан Мамеш“ ќе се соочи со Атлетик Билбао, а тренерот Карло Анчелоти на пат повеќе неколку непознати лица во тимот. Причината е јасна, поради пандемијата на Ковид-19 која ги зафати „кралевите“ тој не може да смета на вкупно 11 фудбалери. Поради ова мораше да се обрати во младинската академија и да поведе на пат дури седуммина младинци.
Анчелоти, сепак, ќе има на располагање силен стартен состав, но на клупата ќе бидат имиња за кои јавноста досега нема слушнато.
Шпанските медиуми ги открија новите членови на првиот тим. Двајца од нив се голмани, Тони Фуидијас и Диего Пинеиро и ќе патуваат како поддршка за Тибо Куртоа. Уште петмина ја сочинуваат листата на Анчелоти: Рафа Марин, Мигел Гутиерез, Антонио Бланко, Петер Федерико и Серхио Арибас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













