Три гиганти на лето ќе се борат за потписот на крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман. Францускиот репрезентативец има договор со баварците до лето 2023 година, но преговорите за продолжување на соработката не одат во посакуван правец, па најверојатно ќе си замине од „Алијанц арена“ по завршување на сезоната.
Баерн е подготвен да го продаде следното лето доколку 25-годишниот играч дефинитивно одбие да го продолжи престојот во Минхен. Новиот привремен менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, има интерес да го доведе Коман во клубот, но за членот на француската репрезентација се заинтересирани и шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.
На Чави Хернандез му недостигаат квалитетни крилни играчи за реализација на замислените цели во Барселона, а Реал Мадрид исто така сака да го доведе квалитетниот офанзивец во своите редови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













