Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар изрази огорченост од судењето на дербито против Шкендија. „Вардарци“ бараат ФФМ да изнесе свој став за, како што велат, судиските лакрдии од страна на арбитрите на натпреварот против Шкендија. Арбитражата на Марјан Гоцевски ја оценуваат како срамна и тотално непрофесионална.
Во соопштението на Вардар се вели:
Почитувани,
ФК Вардар, актуелен освојувач на ПМФЛ и најтрофеен фудбалски клуб во Македонија е должен да реагира на судиските лакрдии од страна на арбитрите на натпреварот против Шкендија.
Би сакале да ја информираме јавноста дека Судиската четворка предводена од Гоцевски Марјан ( син на член на судиски одбор на ФФМ и воедно прогласен за најдобар судија за 2019 година ) целиот натпревар го водеше срамно и тотално непрофесионално. Во два наврати на очигледни ситуации за пенал во корист на ФК Вардар останаа неми и директно влијаеа на конечниот резултат, првата најстрога казна беше на егал резултат, а вториот на минимално водство на противникот. Како спорна ја наведуваме и ситуацијата при постигнување на третиот гол на противникот да биде реализиран од офсајд ситуација.
Без да должиме, бараме под итно Судиската комисија при ФФМ да излезе со свое видување за овој преседан. ФК Вардар во неколку натпревари е оштетуван драстично но сега веќе мораме да реагираме со цел да ги заштитиме играчите и стручниот штаб. Сакаме на целосното раководство на ФФМ да им потенцираме за судиските неправди, да бидат свесни и да превземат соодветни мерки за судиите кои константно влијаат на конечните резултати на многу натпревари во тековната сезона.
Сезонава, како никогаш досега реагираат повеќе од половината прволигашки екипи на нееднаквиот третман во делењето на правдата на натпреварите. Сето ова наведува дека г-дин Божиновски и тоа како треба да реагира. Решение мора да се најде во спротивно ние како клубови ќе мора да најдеме начин како да се заштитиме од овие намерни грешки на дел од судиите кои имаат за цел директно да наштетат на одредени клубови.
Сакаме да изразиме целосна подршка на стручниот штаб и на играчите на ФК Вардар, нивниот напор и залагање на натпреварот се беспрекорни и препознаени од спортската јавност.
Воедно уште еднаш сакаме да им ја честитаме победата на ФК Шкендија, клуб кој поседува голем тимски и индивидуален квалитет. Со ова известување не бараме алиби за високиот пораз, но истовремено се извинуваме на нашите навивачи со обврска напорно да работиме и до крајот на оваа полусезона да освоиме што е можно повеќе бодови и да напредуваме на првенствената табела.
Со почит,
АД ФК Вардар
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal