Челси сериозно размислува да се повлече од проблематичното ново натпреварување, Европската Суперлига, се вели во англиските медиуми. Имено, Роман Абрамович одлучил дека “сините” не можат да ја продолжат борбата за Суперлигата, па поради тоа, заедно со одборот, дал “зелено светло” за клубот да започне со подготовка на документацијата за повлекување од ЕСЛ, се вели во англиските медиуми.
Исто така, пак, според дурги извори, клубот од “Стемфорд Бриџ”, наводно ги обвинува Ливерпул и Манчестер Јунајтед дека го лажеле за свои цели, па поради тоа, во моментов има голем раздор во Суперлигата.
Очигледно, тимот од западен Лондон не ја очекувал моменталната реакција од навивачите кои по потврдата за формирањето на Европската Суперлига, започнаа остро да ги критикуваат своите клубови.
Познато е дека неколку приврзаници на Ливерпул и Сити веќе јасно и гласно го дадоа своето мислење за новото натпреварување, поставувајќи разни транспаренти на кои пишува „РИП Ливерпул, вратете ни го клубот“ и “Среди го ова, шеик Мансур”, алудирајќи на сопственикот на “граѓаните”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













