
На првата прозивка за септемврискиот квалификациски прозорец се приклучи ново лице, Елмин Растодер, 22-годишен напаѓач на швајцарски Тун.
„Пресреќен сум што сум тука. Македонија прва ми укажа доверба и ќе се обидам да ја оправдам. Имаме добра репрезентација, веќе се запознавам со сите. Имаме пред себе два дуели, еден пријателски еден квалификациски во кој и јас ќе ја чекам својата шанса. Кога ќе ја добијам се надевам дека ќе ја искористам“, изјави Растодер.
Македонија на 4 септември игра пријателски меч со Саудиска Арабија во Прага, а на 7 септември ја пречекува Лихтенштајн во квалификациите за СП на „Тодор Проески“ арена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
