
Германскиот селектор Јоаким Лев има сериозни проблеми во пресрет на Европското првенство. Тиражниот „Билд“ пишува дека репрезентативците се незадоволни од формацијата што селекторот Јоаким Лев има намера да ја искористи на ЕП. Тој планира да игра во формација 3-5-2 на Европското првенство, а тоа не им одговара на фудбалерите на Баерн Минхен. Тие сметаат дека Германија треба да игра со четворица играчи во последната линија.
Другите соиграчи исто така ги поддржуваат фудбалерите на Баерн. Повеќето сметаат дека репрезентацијата би изгледала подобро со четворица играчи во одбраната.
Баерн го дава костурот на германската репрезентација. На списокот се Мануел Нојер, Никлас Суле, Серж Гнабри, Леон Горецка, Шошуа Кимих, Томас Милер и Лерој Сане.
Лев наиде на голем отпор пред самиот старт на ЕВРО, а односите во селекцијата не се добри уште од поразот против Македонија (1-2) во квалификациите за СП во Катар. За Лев ова се последните денови на клупата на Германија. Него ќе го наследи поранешниот тренер на Баерн, Ханси Флик.
Германија на ЕП е во „групата на смртта“ заедно со Франција, Португалија и со Унгарија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
