Глазгов Ренџерс доживеа елиминација од Славија Прага во осминафиналето на Лигата на Европа откако загуби на „Ајброкс“ со 0-2. Но, менаџерот на шкотскиот тим, легендарниот Стивен Џерард, вели дека расистички скандал го одбележал овој дуел и побара од УЕФА сериозно да се позанимава со тоа. Играчот на Славија Прага, Ондреј Кудела, расистички го навредувал фудбалерот на Глазгов Ренџерс, Глен Камара. Тој пришол до него со раката на лице, и му шепнал нешто на уво.
„Прво и најважно, сакам да истакнам дека некогаш во кариерата се случуваат и поважни работи од самиот натпревар. Најнапред ќе ја истакнам спортската страна, дека победи подобриот тим, Славија Прага. Но, навистина сум горд и на моите фудбалери. Што се однесува до инцидентот. Имам многу силен однос со Камара, како и сите момци во соблекувалната. И неизмерно му верувам. Се надевам дека УЕФА сериозно ќе се занимава со овој случај и со овој проблем. Ако сакам нешто да кажам, зошто би ја покривал устата. Тоа значи дека другите не треба да слушнат што кажувам. А биле расистички навреди“, изјави Стивен Џерард, тренерот на Глазгов Ренџерс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski