Маркус Рашфорд влезе како резерва на мечот против Лајпциг и за половина час на теренот успеа да постигне хет – трик во триумфот од 5-0 на „Олд Трафорд“. Тој е единствениот на кого ова му успеало после неговиот менаџер Оле Гунар Солскјер, како резервист на меч на Манчестер Јунајтед да стигне до хет – трик.
Норвешкиот стратег го пофали Рашфорд, вели дека неговиот квалитет е неспорен, но исто така ја потенцираше и улогата на Фред на средината на теренот.
„Ова пред се беше една наша одлична тимска претстава. Одлично се движевме без топка , а мислам дека Фред беше брилијантен во тој поглед. Го покри секое делче од теренот. Што се однесува до Маркус, тој е напаѓач од екстра класа, неговите квалитети се неспорни. Докажа дека може да дава голови и кога е стартер, но исто така е максимално мотивиран и кога ќе влезе од клупата за да внесе нова свежина во составот“, изјави Оле Гунар Солскјер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













