УЕФА одлучи Маркус Рашфорд да добие само еден натпревар суспензија во Лигата на шампионите по црвениот картон на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Копенхаген.
Така, ѕвездата на „црвените ѓаволи“ ќе го пропушти гостувањето кај Галатасарај, но ќе биде на располагање за последниот меч на тимот во групната фаза на турнирот против Баерн Минхен.
Средбата со Баварците може да се покаже како исклучително важна бидејќи тимот предводен од Ерик Тен Хаг моментно е на последното место со 3 бода, а Галатасарај и Копенхаген имаат по 4.
Манчестер Јунајтед на 29 ноември гостува кај турскиот гигант, а на 12 декември ќе го пречека Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













